Крис Корнел

Самоубиство на пејачот на Soundgarden и Audioslave

18 мај 2017

Американскиот музичар, пејач и текстописец, Крис Корнел, познат како вокал и гитарист во бендовите Soundgarden и Audioslave, почина вчера во 52-та година од животот. Според најновите извештаи се работи за самоубиство со бесење во неговата хотелска соба, во хотелот МГМ после концертот. Крис долго време се лекувал од депресија, бил зависник од опијати и алкохол, со многу рехабилитации низ годиниве.

Крис беше се што посакуваа жените кај мажите, секси и мистериозен и беше се она што мажите сакаа да бидат. Неговиот вокал имаше распон од четири октави. Автентичен, доследен и бескрајно талентиран.

Веста ја соопшти неговиот портпарол Брајан Бамбери, кој во својата изјава за јавноста кажа дека познатиот пејач починал ненадејно во Детроит и дека неговото семејство е во шок.

Осум часа пред ненадејната смрт, Корнел објавил фотографија на Твитер.

 

 

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.271 пати