Почнува Кански филмски фестивал

13 мај 2015

kan 4

Кан е подготвен за 68-то издание на Меѓународниот филмски фестивал кое ќе започне вечерва. За Златната палма ќе се натреваруваат 19 филмски остварувања, а со филмот Le Tete Haute (надвор од конкуренција) на француската режисерка Еманијел Берко, со Катрин Денев во главната улога ќе се означи официјално почетокот.

La-t_26_23234_3Bte-haute-2584170

Претседателите на годинешното жири се, според многумина милениците на Канскиот фестивал, американските режисери, Џоел и Итан Коен.

kan 3

-Го обожуваме Кан и фестивалот. Често сме присутни на фестивалот кој многу направи за нас – изјави Коен по пристигнувањето во градот. Инаку, браќата Коен се добитници на Златна палма за остварувањето од 1991 година Barton Fink, во 1996 година добија награда за режија за филмот  Fargo, додека во 2001 прва за остварувањето „Човекот кој не беше тука“. Две години подоцна Inside Lewis Davis им донесе Гран при од жири комисијата.

Домаќин на фестивалот ќе биде францускиот актер Ламбер Вилсон, кој и официјално ќе го отвори фестивалот. Како пренесуваат француските медиуми, актерот ќе го посвети отворањето на фестивалот на злосторствата во Ирак и Сирија, од кои е ужаснат. Токму затоа, неговиот говор ќе биде за положбата на злоствуваните жени во тие земји.

-Не е неопходно  да бидеме површни и „гламурозни“ во моментот  на отворање на фестивалот. Сакам да зборувам за тие злоставувани жени во сенка, на кои не им е дадено правото да кренат глас против насилството – изјави актерот на прес-конференцијата по повод фестивалот.

kan 2

Во трката за Златна палма ќе се најдат филмови од различни жанрови, од драма до боречки трилери и научна фантастика. Инаку, годишениот фестивал ќе биде и во знакот на одбележувањето на 60 години од наградата Златна палма која вреди 20.000 евра и се изработува од злато и посебен кристал. До самото врачување, наградата се чува во доброчуван сеф на непозната локација и во најголема тајност се предава на жирито кое го има добитникот.

Златната палма за животно дело оваа година ќе ѝ припадне на француската режисерка на „новиот бран“, 86-годишната Ањес Варда, која воедно ќе биде и првата жена што ќе ја добие оваа награда.

kan 6

Во рамки на фестивалот ќе биде прикажан и документарниот филм за британската пејачка Ејми Вајнхаус, кој пак не наиде на одобрување од семејството, како и филмот на Вуди Ален, Irrational Man.

Заштитно лице на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал е холивудската актерка, Ингрид Бергман. Во нејзина чест и по повод 100 години од нејзиното раѓање, ќе биде прикажан досега необјавен документарен филм со наслов In her own words на Стиг Бјоркман во рамки на одделот „Кански класици“. Тука ќе се најде и американскиот филм „Граѓанинот Кејн“ од 1941 година, по повод 100 години од раѓањето на Орсон Велс.

kan 1

Фестивалот на 24-ти мај ќе го затвори документарниот филм за климата насловен како Le feu et la glace (Оган и мраз), на францускиот режисер и оскаровец Лик Закеа.

Директорот на фестивалот Тијери Фремо изјави дека снимањето „селфи е смешно и гротескно“ и не го советува во текот на одржувањето на фестивалот. Дали ѕвездите кои со нетрпение ги очекуваме на црвениот килим ќе го послушаат останува да видиме.

kan 5

France Cannes Film Festival

Објавено:
13 мај 2015
Категорија: 
Култура