„Поетот“ празнично ве наградува

17 декември 2014

poetot

„Поетот“ повторно ќе ви овозможи да ја испратите годината на интересен и оригинален начин, организирајќи натпревар каде што секој  фан, неафирмиран автор може да си ја покаже креативноста во пишаниот збор. За првпат овој натпревар е подржан од „Клуб Матица“.

Натпреварот започна пред неколку дена и „Поетот“ е  во очекување на вашите пишани дела. Споделете ја вашата умешност со останатите читатели и за таа цел бидете наградени за да можете да се надградувате.

Личните творби испратете ги во порака на нашата официјална фејсбук страна „Поетот“ со назнака за “Натпревар за најубав пишан збор”, по што ќе бидат објавени на истата страна. Оние пишани дела што ќе соберат најмногу лајкови односно што најмногу ќе им се допаднат на читателите ќе бидат наградени од „Клуб Матица“ и тоа - првонаградениот со најголем број лајкови ќе добие сет од три книги, второнаградениот сет од две книги, а третонаградениот една книга.

Натпреварот трае до 31.12.2014 година, а веќе на 03.01.2015година ќе бидат прогласени победниците, а воедно и доделени наградите.

„Клуб Матица“ и „Поетот“ ви овозможуваат во 2015-тата влезете со убава мисла, инспирација и креативност.

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Култура