Погледнете го трејлерот за продолжението на Maleficent!

16 мај 2019

Обожавателите на популарниот филм Maleficent што пред неколку години направи вистински бум, веројатно најмногу ќе се израдуваат на информацијата дека конечно излезе трејлерот за продолжението на филмот, овојпат со наслов Maleficent: Mistress of Evil.

Секако, и овојпат во главната улога ќе се појави единствената Анџелина Џоли, а на екипата ѝ се придружува и уште една прекрасна актерка, Мишел Фајфер.

Режијата овојпат е на Јоаким Ронинг, а во филмот повторно ќе се појави прекрасната млада актерка Ел Фенинг.

Засега, како официјален датум за премиерата на филмот се јавува 17 октомври, а првиот трејлер ветува навистина многу што се однесува до акција и задржување на вниманието.

Обожавателите на филмот ќе кажат дека нема ништо подобро од Анџелина Џоли на филм заедно со Мишел Фајфер, па останува да видиме дали продолжението ќе ја надмине популарноста на првиот дел на Злобната вештерка.

Објавено:
16 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
160 пати