Погледнете како изгледа официјалниот постер на 21-та Златна бубамара

13 февруари 2018

Радио Бубамара го претставува постерот на овогодишната манифестација „Златна бубамара на популарноста", кој го изработи познатиот цртач на анимации Миќо од Битола.

Во духот на логото на овогодишната манифестација „За подобар живот" постерот на 21-та Златна бубамара претставува што се може да направи малку боја во сивилото на македонското општествено секојдневие.

Бидејќи нема подобар живот, ни подобар воздух, единствено ни простанува подобра забава. Ве чекаме на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски". И колку и да трае, ќе си седите... И ќе се смеете!

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
694 пати