Мајкл Хаченс рок икона (1960-1997)

Последната рок ѕвезда

7 септември 2017

Новиот документарен филм за последните часови на легендарниот фронтмен на групата INXS, Мајкл Хаченс ги откриваат и последните стихови напишани од него. Филмот е со наслов „Michael Hutchence - The Last Rockstar“ и авторите на филмот ќе поминат инетнзивно истражувачко новинарство цели две години. Трејлерот на филмот открива дека последните стихови се најдени во неговиот паричник, а напишани само неколку часа пред смртта на Мајкл.

'*look at the mess your [sic] making. Look at the mess across your face. All the bitterness has started showing.*

Овие стихови точно ја отсликуваат состојбата на Мајкл во која тој се наоѓал. Велат дека овој документарец ќе се разликува во потполност од документарниот филм за бендот од 2014 година „Never Tear Us Apart“.


Авторите на филмот велат дека овој филм ќе ги освои сите наслови на медиумите ширум светот оти се работи за топла приказна, фокус на рок ѕвезда кој досега не е виден. Ќе биде прикажан и неговиот дневник кој тој го пишувал, премиерно ќе ги објават неговите песни последни во низата. Приватни фотографии, видео материјали од неговиот семеен живот каде тој е грижлив татко, сосема поинаков од она што бил на сцена.

Еден од клучните ликови кои се појавува во филмот е неговиот долгогодишен пријател Боно кој ќе каже дека Мајкл бил исклучително интересен и трагичен лик во исто време, како и тоа дека е и после толку години загубата на Хаченс е се уште ненадминлива. Премиерата се очекува на дваесет годишнината од смртта на Мајкл, 20ти ноември 2017 година.

Мајкл беше пронајден мртов во хотелот „Риц Карлтон“ во Сиднеј 1997 година. Имаше само 37 години. INXS се наоѓаа на средина од нивната светска турнеја. Со продадени 15 милиони плочи беа глобална атракција.

 

Објавено:
7 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
537 пати
Извор: 
universal music