Практична настава во „Мона“ за студентите од факултетот за „Дизајн и мултимедија“

13 април 2017

Добрата комуникација помеѓу образовните институции и бизнис секторот е еден од клучните сегменти во создавањето на квалитетен кадар што ќе одговори на реалните потреби на пазарот на трудот.

Имајќи го тоа в предвид, вчера Факултетот за „Дизајн и мултимедија" при универзитетот ФОН и српската модна куќа „Модна" потпишаа меморандум за соработка чија примарна цел е на студентите да им се овозможи практична настава и соочување со реални ситуации што понатаму ги очекуваат во нивната професионална сфера.

Во рамките на свечениот настан, кратко предавање одржа и главната дизајнерка во модната куќа, Кристина Гајиќ, која на студентите им пренесе дел од своето десетгодишно искуство во „Мона", а во однос на тоа како функционира производството во истата, од идеја до реализација.

„Во создавањето на нашите колекции ние буквално се водиме од тоа како луѓето од нашето секојдневие, на улица се облекуваат и комерцијалниот е еден од клучните моменти, односно прифаќањето на потребите на пазарот", потенцираше помеѓу другото дизајнерката.

Еден дел од предавањето, Гајиќ го посвети и на запознавање на студентите со белградската модна куќа и нејзината 20-годишна традиција.

Фото: Харис Муриќ

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати