Предлози за вашата празнична листа на филмови

9 декември 2015

Доколку веќе ја подготвувате вашата празнична листа на филмови, тогаш сигурно ќе ви биде добредојден и изборот на најдобри филмови за 2015 година што традиционално го прави Американското национално здружение на филмски критичари.

Според нив, најдобар филм за годината што изминува е „Mad Max: Fury road", а помеѓу другите фаворити се и „The Martian", „Room", „The Hateful Eight", „Inside Out", документарецот „Amy"...

Во продолжение ви ја пренесуваме комплетната листа на најдобрите според одредени категории:

Најдобар филм: Mad Max: Fury Road
Најдобар режисер: Ridley Scott – The Martian
Најдобар актер: Matt Damon – The Martian
Најдобра актерка: Brie Larson – Room
Најдобра споредна машка улога: Sylvester Stallone – Creed
Најдобра споредна женска улога: Jennifer Jason Leigh – The Hateful Eight
Најдобро оригинално сценарио: Quentin Tarantino – The Hateful Eight
Најдобро адаптирано сценарио: Drew Goddard – The Martian
Најдобар анимиран филм: Inside Out
Најдобро режисерско деби: Jonas Carpignano – Mediterranea
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: Son of Saul
Најдобар документарец: Amy
William K. Everson филмска награда: Cecilia De Mille Presley
Најдобар ансамбл: The Big Short

Повеќе од еден век како непрофитната организација, Американско национално здружение на филмски критичари ги доделува овие награди со цел да ја поддржи домашната и странската филмска индустрија, како и слободниот дух на изразување на професионалците во оваа сфера.

 

Објавено:
9 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.676 пати