Во близина на малото рибарско место Фунтана во Истра, сместен е прекрасниот Polidor Camping Park кој покрај прекрасните парцели за кампување, нуди и 11 мобилни куќички и неверојатна приватна плажа.

Polidor Camping Park е мало семејно место крунисано со четири ѕвездички, а интересно е тоа што тој е отворен во текот на целата година, а не само во летната сезона.

Истиот е сместен на многу убава и поволна локација и нуди мирен и опуштен одмор, далеку од градската врева и брзиот живот.

Самиот простор на кој е изграден кампот е сместен под неверојатна шума и сенки кои нудат идеална атмосфера за уживање и одмарање.

Кампот се состои од 71 парцела за приколки, шатори и кампери, а на сосема друг дел се сместени 11 нови мобилни куќички и една мобилна куќа во која е овозможено сместување со вашите домашни миленици.

Во нивните мобилни куќички можат да се сметат шест лица, а целиот камп може да собере вкупно 300 гости.

Секоја куќа има прекрасна тераса на која можете да уживате, но и лежалки на кои може да се сончате. Истиот стана вистински хит за кратко време со оглед на тоа што е едно од ретките места каде денеска можете да летувате со вашите домашни миленици, а за истите во кампот е обезбеден посебен простор за игра и тушеви за нивната хигиена.

Погледнете како изгледа овој рај погоре во галеријата!

Извор: Buro 24/7

Објавено:
14 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
973 пати