Преполно Скопско Кале и одлична забава на првиот фестивалски ден на Пиволенд

8 август 2017

Пиволенд стартуваше одлично. Преполно Скопско Кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта.

Фестивалот го отворија „Бенд ОФ" со рок свирка, а по нив настапија „Чил Плеј" и диџеј Иноматик. Пејачката Нина Јанева и бендот 2 Егзит беа следни, а за крај со електронска музика посетителите ги разигра Дј Крис.

Иако бевме скептични во поглед на посетеноста бидејќи е понеделник и прв работен ден во неделата, сепак Скопската тврдина беше исполнета до последно место.

Вечерва на Пиволенд први ќе настапат „Саут Парк", а потоа од 20:45 е организирано групно гледање на натпреварот од УЕФА Супер Купот. По завршување на дуелот Реал Мадрид- Манчестер Јунајтед, ќе настапи македонското дуо „Шајн", во кое членува најдобриот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски.

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
217 пати