Претставата „Женски оркестар“ ќе се игра со хумана цел

23 мај 2014

Драмски театар под палката на режисерот Ѓорѓи Ризески со младиот тим на актери и Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА) Ви претставуваат и Ве канат на театарска представа со хумана мисија.

„Од продажбата на билетите целиот собран износ ќе биде наменет за нашиот пријател Томче. Ве каниме на претставата „Женски оркестар“ на 27 мај, во 20.00 часот во Драмски театар, хуманитарна претстава која на сите нас ќе ни го промени денот, а на нашиот пријател животот. Љубовта во секој живот е неопходна и апсолутно потребна за да ја донесе хармонијата на животот и мирот се' до смртта.  Мажот не може без жената и жената не може без мажот. Ќе играме и пееме за највозвишената љубов“, велат во тимот на претставата во официјалната најава до медиумите.

 

 

Автор - Жан Ануј

Режија - Ѓорѓи Ризески

Музика - Алмир Бајрамоски,  Викторија Чочороска

 

Играат :

Г-ѓа Ортанз - Драгана Левенска

Сузана Делисија - Маја Дреца Ристески

Патриција - Ема Кара

Памела - Александра Стојкова

Леоне - Бобан Алексоски

Ермелина - Миа Кантарџиева

Поетот - Теоман Максут

Објавено:
23 мај 2014
Категорија: 
Култура