Приказната зад песната „Wicked Game“

6 мај 2017

Се појави во 1990-тата и после 27 години песната Wicked Game во изведба на Крис Ајсак е сè уште една од најслушаните и омилени песни.

За популарноста на песната придонесе уште повеќе еротското видео во кое прекрасниот Крис е во друштво на сексапилната Хелена Кристенсен.

Но, како Крис ја напишал песната?

Се инспирирал од повик за секс од една девојка.

-Се сеќавам дека девојката ми се јави и ми рече: „Сакам да наминам и да разговарам со тебе“, тоа „разговарам“ беше само еуфемизам. Ми рече „Сакам да дојдам кај тебе и да зборуваме сè додека можеш да стоиш на нозе“ и јас реков „Ок, доаѓаш овде“. Многу бргу откако ја спуштив слушалката, си помислив: „Боже, знам дека ќе биде неволја. Таа отсекогаш била неволја. Таа е дива мачка. И еве ме, ќе бидам „убиен“, но ќе го направам ова... “. Додека таа дојде кај мене, јас веќе ја напишав песната. И мислам дека беше вознемирена бидејќи бев повозбуден за песната отколку за било што друго – изјави во една пригода пејачот.

Снимањето на студиската верзија на песната сепак не одело така брзо. После неколку обиди да се сними, „Wicked Game“ се нашло на албумот на Ајсак „Heart Shaped World“ од 1989 година. Басот и тапаните се преземени од претходните обиди, додека заводливото, тивко пеење на Крис се снимало со звучници, не со слушалки за да се добие саканиот вокален ефект.

Карактеристичните звуци на гитара се снимени од гитаристот Џејмс Вилсеј, кој подоцна ќе стане познат како Џејмс „Wicked Game“ Вилсеј.

За да го промовираат албумот, Ајсак и неговиот бенд одат на национална турнеја, каде водечки сингл е песната „Don’t Make Me Dream About You“, но и двете доживуваат скромен успех, сè додека на сцена не настапи легендарниот режисер Дејвид Линч, инаку долгогодишен обожавател на пејачот.

Во тоа време, тој го снима „Wild at Heart“ и за таа цел бара копија од споменатиот албум на Ајсак, за да земе 10-15 минути музика од дел од песните. Инструменталната верзија на „Wicked Game“ ја употребува за една од клучните сцени. После премиерата на филмот во 1990 година, радио диџеј Ли Честнат од Атланта Радио ја пушта оригиналната верзија на песната и таа почнува да станува сè попопуларна. Обновениот интерес за „Wicked Game“ му наметна на Ајсак да го издаде како посебен сингл и секако да направи спот.

Крис денеска

А видео записот е таков да љубовната болка никогаш не изгледала подобро.

-Ми се допаѓаше фактот дека јас не ја добивам девојката. Таа не ме бакнува, на некој начин ме игнорира и така во текот на целото видео, а тоа некако се поклопува со песната, која како што знете е „јас те сакам, а ти си играш со мене - објаснува Ајсак.

Комплетната приказна за песната и нејзината популаризација можете да ја прочитате ТУКА, а ние во продолжение ве потсетуваме на безвременскиот хит:

Објавено:
6 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.845 пати
Извор: 
dazeddigital.com