Принцот Хари ја запроси Меган

27 ноември 2017

Принцот Хари и Меган Маркл денес официјално соопштија дека се верени како и информацијата дека нивната венчавка ќе биде после породувањето на Кејт Мидлтон, во април 2018 година. Двајцата ќе се појават на националната телевизија во Велика Британија за да ја објават веста како што наложува нивниот протокол.

Принцот е три години помлад (33),од актерката Меган која има 36 години. Тој ја запросил на почетокот на ноември во Лондон. Претходно побарал благослов од својата баба, кралицата Елизабета. Пред запросувањето тие беа заедно во врска 16 месеци и ја криеја своајта приватност мошне вешто. Кралицата се согласи на овој брак токмуј кога го прославуваше својот јубилеј, 70 години од нејзиниот брак со принцот Филип.

Во своето официјално соопштение тие го изразуваат своето задоволство и им посакуваат среќа и благосостојба. Меган Маркл се разведува од својот прв сопруг 2013 година и официјалните лица од кралското семејство велат дека тоа нема да биде никаква пречка. Ќе живеат веднаш до неговиот брат Вилијам.

Принцот Чарлс изјави исто така дека е пресреќен и се радува на овој брак и на оваа љубов.Таа ќе ја добие титулата војвотка, а принцот Хари ќе е петти во редот за кралската круна. Венчавката ќе биде во Westminster Abbey, St Paul's Cathedral.

Објавено:
27 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
888 пати
Извор: 
daily mail