Промоција на урбаната култура на првиот hype & streetwear Pop-Up настан во Скопје

23 ноември 2018

Supreme, Yeezy, Off-White, гоша рубчински, Patta, Adidas, Air Jordan, Nike, како и македонскиот streetwear бренд ОX, беа дел од изложувачите на вчерашниот hype & streetwear Pop-Up настан, што за прв пат во ваков формат беше одржан во Скопје.

Во клубот „Епицентар" вчеравечер следбениците на алтернативната, улична мода имаа можност непосредно да се информираат за новите линии на streetwear брендовите, благодарение на „Minus 1 Store" од Белград, една од најпознатите re-seller продавници на балканот.

„Сметаме дека овој настан е повеќе од потребен за развојот на културата во Македонија. Оние кои се дел од оваа култура, фановите на ова движење како и оние кои не се доволно запознаени со streetwear културата, ќе имаат можност да се запознаат и да ги поседуваат најголемите streetwear брендови во Светот во моментов", ни кажаа од OX, во чија организација беше ова урбано случување.

Контракултурата која се појавува во 70тите и 80тите е едно од најекспресивните движења во 20тиот век, кое денеска го доживува пикот на својата распростанетост на глобално ниво. Многу далеку од модните писти, базиран на стилот на скејтерите и брејк-денсерите по улиците на Калифорнија, а подоцна и на хип-хоперите низ Европа и С.А.Д., ова движење се распрснува насекаде низ светот и ги поврзува истомислениците и пионерите на streetwear и anti-fashion движењето.

Овој феномен спојува специфичен тип на облекување, музика и начин на живот.
Репрезентира независност, бунт и слободен начин на облекување и изразување.

Streetwear културата денес е една од најзборуваните и најпопуларните теми насекаде низ светот.
Во Македонија, исто така, постојат многу streetwear следбеници и љубители, но свеста за движењето е се' уште на ниско ниво од аспект на тоа што ние на повеќе начини сме шиканирани од оваа култура и ни е прилично недостапна.

Еве како си поминавме...

 

Објавено:
23 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
113 пати