Промоција на втората книга на Ана Јовковска „Ехо на слободата“ вечерва во МКЦ

12 април 2018

Вечерва со почеток во 20 часот во МКЦ Клуб-ресторан, нашата позната новинарка, авторка и активистка Ана Јовковска, ќе ја промовира својата втора книга „Ехо на слободата".

„Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне фектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот сè се сведува на тоа: Умееш ли да сонуваш за подобар свет? Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје? Умееш ли да веруваш во луѓето? Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни? Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?", вели во своето обраќање авторката.

Книгата е издание на Издавачки центар „ТРИ", а илустрацијата на корицата ја направи уметникот Ване Костуранов. Промотори се проф. Владимир Мартиновски и проф. Ана Мартиноска, а музичкиот дел е на Бранислав Николов од „Фолтин".

Слободата е Желба. Слободата е Можам. Слободата е Љубов.

Дрес код: слободни и насмеани.

 

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
92 пати
Тагови: 
книга промоција