Промовирана монографијата за Есма

20 мај 2016

Вчеравечер во Музејот на ВМРО беше промовирана монографијата за кралицата на ромската песна Есма и за нејзиниот животен сопатник Стево Теодосиевски, насловена „Есма".

Настанот го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а монографијата ја промовираше авторот Славе Катин кој направи една ретроспектива низ богатата музичка кариера на брачниот пар Теодосиевски, но зборуваше и за нивната хуманост.

Издавач е "Македонска искра", со поддршка од Министерството за култура. Во обемната биографска приказна на авторот Катин, на 410 страници е опишана 55 години долгата кариера на Есма, која и ден-денес е активна. Како рецензенти се потпишуваат проф. д-р Васил Тупурковски и проф. д-р Јордан Плевнеш.

Есма со Елена Пандева

 

 

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
174 пати