Прв фестивал на женски бендови и изведувачи – „Од ребро до рокенрол“ вечерва во МКЦ!

4 октомври 2018

Првиот македонски „all girl fest" со симболичен наслов „Од ребро до рокенрол" се случува вечерва и утревечер (4. и 5. Октомври) во Младинскиот културен центар во Скопје.

Овој урбан и пионерски фестивал од ваков тип им е посветен исклучиво на алтернативни бендови чии членови се жени и на жени диџеи!

Иницијативата која е во организација на ЗАМД Шпато ја поддржаа звучни имиња од алтернативната домашна сцена, а уште еден интересен момент е што на овој фестивал ќе се спојат уметници од различни генерации. Ќе имаме одлична и ретка можност да уживаме во перформансите на женски бендови што функционирале во 80-те години, што ќе настапат на иста сцена со актуелни бендови.
На листата на изведувачи на првиот македонски „all girl fest" се:

04.10.2018
-Nick Slaughter's daughters
-The Chicks
- Aneta George Ensemble
-Vivid
-Royal Albert Hall

05.10.2018
-Ina ft. Trinity Strings & Katerina Chedomirski
-Melani Digit
-Elly Rasta girl ft. Tejka

Стартот е во 20 часот.

 

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
97 пати