Прва изложба во музејот на фондацијата LVMH

25 декември 2014

Со овој настан започна сезоната на изложби во внатрешноста на уметничкото - архитектонско ремек дело на Френк Гери. Меѓу ѕидовите има светлосни инсталации со заеднички наслов „Contact“. Асоцијацијата со насловот на инсталацијата не е случајна, бидејќи токму делата на Олафир одговараат во објаснувањето на односот меѓу човекот и космосот.

Проекциите беа распоредени во две простории кои на одреден начин го покажуваа изгревањето и заоѓањето на сонцето. „Мојата изложба е на еден начин комуникација на границата меѓу нашите емоции и знаењето. Целата смисла е содржана во хоризонтот која ги дели на познато и непознато“ – објаснил уметникот. Изложбата ќе трае до 16-ти февруари 2015 година.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Култура