Првата фотографија на Лео и Бред Пит за „Once Upon a Time in Hollywood“

28 јуни 2018

Леонардо ДиКаприо предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако вчера ја објави првата фотографија од новиот филм на Квентин Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“ во кој тој глуми заедно со Бред Пит. 

На фотографијата која тој ја сподели на Инстаграм, можеме да ги видиме двајцата прекрасни актери во едно ретро издание, едниот облечен во кожена јакна и жолта ролка, додека другиот во деним комбинација. 

Многумина ќе се сложат дека на фотографијата Бред Пит неверојатно потсетува на Роберт Редфорд, кој важи за еден од најубавите актери во историјата на Холивуд. 

Инаку, ова не е прва соработка на режисерот со актерите. Тој работеше со Бред Пит за „Inglourious Basterds“ кој беше номиниран за осум Оскари, додека Леонардо ДиКаприо беше дел од неверојатниот „Django Unchained“, кој доби пет Оскари во различни категории. 

Филмот беше најавен од Тарантино на почетокот на оваа година, а во истиот ќе се раскажува за убиствата во познатото семејство Менсон. 

Покрај двајцата познати актери, во филмот улогата на Шерон Тејт ќе ја игра прекрасната актерка Маргот Роби која веќе има глумено со ДиКаприо во филмот „The Wolf of Wall Street“. 

Медиумите шпекулираа дека во филмот ќе се појави и Ал Пачино, но никој сè уште не ја има потврдено оваа информација. 

Премиерата на филмот се очекува да се случи на 9 – ти август, 2019 година.

Инфо: Variety.com

Објавено:
28 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
409 пати