Првото уметничко „селфи“ на Енди Ворхол вредно милиони

19 јуни 2017

Според етаблираната аукциска куќа Sotheby's, сликата која е позната како првото уметничко-селфи на култниот Енди Ворхол, се проценува со вредност од 6 до 9 милиони долари.

Ова дело на поп-арт генијалецот, ќе биде ставено на аукција на 28-ми јуни.

Ворхол делото го креирал во 1963 година, кога имал 35 години.

Според претставничката на аукциската куќа, Еми Бејкер, ова е пионерско дело со феноменот „селфи" популарно кај новите генерации.

 

Објавено:
19 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
37 пати