Пуштени во продажба влезниците за концертот на Здравко Чолиќ во Скопје

1 септември 2018

Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје!

Датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации е 10. ноември, а локација е Вип Арената Борис Трајковски. 

Покрај старите познати хитови, присутните ќе уживаат и во песните од последниот албум на пејачот, насловен како и концертото „Оно мало среќе“.

Влезниците се во продажба и можат да се да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” - Веро 2 со почетна цена од 700 денари.

Организатор на концертот е „Прагма мјузик ентертејмент“.

Објавено:
1 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
262 пати