Работилница за накит од епоксидна смола

16 ноември 2017

Дали сакате да ги изненадите своите најблиски со новогодишни и божиќни празници кои сами сте ги подготвиле?

Поминете креативен викенд и научете како да изработите накит и други предмети направени од епоксида смола.

Новата Работилница за изработка на накит од епоксидна смола ќе се одржи на 2 и 3 декмври (сабота и недела) со почеток од 11 до 16 часот.

Работилниците се одржуваат во Центарот за занаети АРТиЗАН, а ќе научите:

- Што е епоксидна смола (течно стакло), како се користи и за што сѐ може да се употреби?
- Обликување на накит
- Употреба на калапи
- Излевање
- Вградување на фотографии, предмети, природни цветови
- Сушење, завршни техники и полирање

Епоксидната смола или позната како течно стакло е одличен материјал преку кој можете да ја изразите целата своја креативност. Со посетата на оваа дводневна работилница ќе го научите целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола - обетки, прстени, брошеви, ланчиња.

Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 10 парчиња накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе.

Бројот на учесници е ограничен на 10 лица, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место.
Повеќе информации во инбокс на фан страницата на Windmilljewelry како и на:
- windmilljewelry@gmail.com

Објавено:
16 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
504 пати