Раде Шербеџија во Скопје!

27 септември 2017

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија, на 04 и 05 ноември доаѓа во Скопје, со два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор" од Загреб.

Харизматичниот Раде во Скопје ќе го промовира новиот албум кој изглегува на средината во октомври. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици .


Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Tavitjan brothers кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости, како на изненадување на вечерта.
Влезнците по цена од 990 денари, во продажба ќе бидат од среда наутро во 09 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.
Вистински викенд за уживање со неповторливиот Раде Шербеџија!

Авалон Продукција

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
259 пати