Rag’N’Bone Man доаѓа во Скопје!

3 октомври 2017

Eдна од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag'n'Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски", на 11ти мај, во организација на Авалон Продукција.

„Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag'n'Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје", велат од Авалон.

Rag'n'Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human", кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата! Хит синглот „Human" кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.

Покрај тоа што Rag'n'Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Сите детали околу влезниците, ќе бидат познати денес во 21 часот.

Инаку, со концертите на ТОТО, Rag'n'Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува прославата на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.

 

Објавено:
3 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
222 пати