Сајтот „Трип Адвајзор“ неодамна сподели кои се добитниците на „Traveler's Choice awards“ за 2019 година.
На оваа листа се одбрани најдобрите во светот на патувањата и угостителството, па се вклучени и дестинации, ресторани и хотели.
А кога се последните во прашање, првото место е за „Хотел Тулемар“ во Костарика. Тој е прогласен за најдобро одморалиште на светот.
Се работи за ресорт, каков не сме виделе. Има и пристап до приватна плажа. Секој бунгалов од одморалиштето може да прими и до четири лица, така што е идеален и за мали семејства.
Во рамки на Тулемар одморалиштето постојат и вили совршени за парови или соло патници. Она што освојува е погледот на џунгла и океан од секоја од нив.
Сол Анџело е најголемата вила на ова одморалиште, за 14 лица е, а таа следниот месец допрва ќе се отвори, а воедно ќе биде и најмодерната од сите во понудата, ќе вклучува и приватен базен.
Миразул вилата пак, се опишува како уметничко дело. Четири апартмани се поврзани и имаат прекрасен поглед, а трите одвоени апартмани во вилата „Каса де Фрутас“ е омилена на познатите личности.
Во рамки на Тулемар има и приватна плажа која се наоѓа веднаш до прашума. За оние што сакаат активен одмор, има опција за кајакарење, пливање во базени во средиште на џунгли. Еден од тие базени е дозволен само за полнолетни лица.
Погледнете за каков рај на земјата се работи: