Беспрекорниот ентериер и неверојатната природа што го опкружуваат хотелот Аман на Свети Стефан, се совршен спој на идеално место за одмор.

Токму на ова прекрасно место се венчаа Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ, кои ќе кажат дека токму таму ги создадоа првите најубави спомени од заедничкиот живот.

„Во моментот на раѓање на планетата Земја, на црногорското крајбрежје се случи најубавата средба на земјата и морето“, пишува во еден од познатите туристички магазини при описот на Свети Стефан.

Според многумина, таа средба никаде не е толку убава колку што е на ова место. Од рибарско село од 15 – тиот век до внимателно реновиран луксузен ресорт во 2008 – та година, овој јадрански бисер секако ја зачува својата уникатност.

Денеска таму се наоѓа најлуксузниот хотел во Црна Гора, со 50 – тина рустично уредени вили, но и една елегантна вила со вкупно осум апартмани.

Со три прекрасни плажи, меѓу кои и Кралската плажа на која се одвиваше венчавката на Новак и Јелена, гостите можат да уѓиваат во три базени, спа комплекс и бројни ресторани.

Овој луксузен ресорт има прекрасни вили насекаде низ светот, па така можете да уживате во нивните понуди во Италија, Франција, Грција, Тајланд, Филипини, Мароко и други места.

Објавено:
27 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.590 пати