Ретки фотографии: Во светот на Кенеди

22 март 2018

Животот на најпознатото американско претседателско семејство, Кенеди, е темата на изложбата на фотографии што деновиве ќе биде поставена во галеријата Proud Central во Лондон.

Со овие ретки фотографии со кои се портретираат и интимни моменти од секојдневниот живот на семејството Кенеди, се обележуваат 55 години од атентатот врз поранешниот американски претседател.
Фотографиите се на познатиот фотограф Мери Шо, кој работел за Harper's Bazaar. Тој имал блиска, пријателска релација со семејството Кенеди што му овозможило привилегирана позиција при фотографирањето дури и интимни, семејни моменти од нивниот секојдневен живот, што им дава особена вредност на неговите фотографии.

Тематски фотографиите варираат од официјални настапи на претседателот, до опуштени семејни моменти во кои го гледаме претседателското семејство во неофицијално издание.

Мери Шо бил толку приврзан за семејството, што по атентатот на Џон Кенеди се пензионирал, а починал на 47 годишна возраст, по што неговите фотографии се чувале во „фиока" повеќе од четири децении.

Сега публиката што ќе ја посети изложбата ќе биде сведок на фотографии со исклучителна уметничка, но и историска вредност.

Фото извор: Harper's Bazaar

 

Објавено:
22 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
957 пати