„Риголето“ овој петок во МОБ

12 март 2019

Македонската опера и балет Ви го најавува бисерот на оперската уметност - „РИГОЛЕТО", едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта - великанот Џузепе Верди.
Ќе биде изведена на 15 март (петок) со почеток во 20:00 часот.

„Риголето" на Џузепе Верди е драма на човечкиот живот која јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста...
Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува", „Риголето" како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и ("La Donna è mobile"), и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент: Бисера Чадловска, Режисер: Нина Најденова (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов
Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров.
Хорот и оркестарот на МОБ.

 

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
700 пати