„Рок фест“ слави 30 години!

18 ноември 2014

Една од најпрестижните рок-манифестации во Македонија, „Рок фест“,  оваа година прославува 30-годишен јубилеј. По тој повод, фестивалот ќе се одржи на 17. и 18. декември во Младинскиот Културен Центар. „Рок Фест“ е најстарата организирана рок-манифстација во Македонија, низ која продефилирале над 1000 рок-дружини од земјава. Востановен е во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок Фест“.

МКЦ МКЦ

Благодарение на оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна даска ја имале многу бендови, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и „Автограм“, „Мизар“, „Цилиндер“, „Сарацени“, „Бадмингтонс“, Архангел, „Ласт Експедишн“, „Санаториум“, „Зијан“, „Ареа“ и многу други.

Сите заинтересиран групи може да се приајват на следниот email: rockfest.mk@gmail.com

 

Апликацијата за пријава треба да содржи:

Име на групата Град од кој потекнуваат

Број на членови, име и презиме на членовите

Три песни во MP3-формат

Стил на музика

Контакт телефон, e-mail, фејсбук профил

 

Покровител на 30 годишниот јубилеј на манифестацијата “Рок Фест”, е Министерството за култура на Република Македонија.

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Култура