Саем на книга 2014 – луксуз од пишани зборови за сечија душа

8 април 2014

Од денеска, па сѐ до 14 – ти месецов, ќе се случува 26 – тиот по ред Саем на книгата каде на едно место ќе се соберат сите вљубеници на пишаниот збор.

Покрај тоа што на Саемот на книга оваа година ќе има промоција на многу нови и долгоочекувани наслови на светски книжевни дела, сите посетители ќе имаат можност да уживаат и во литератури читања од различни автори како и обраќања на еминентни лица кои што по кој знае кој пат ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ.

На Саемот како и секоја година, свои штандови ќе имаат некои од најпознатите македонски издавачки куќи каде ќе можете да ги најдете светски познатите и атрактивни бестселери, меѓу кои и автобиографиите на повеќе значајни личности од светот.

Традиционално, на Саемот на книгата и оваа година свој штанд ќе има Матица каде за своите верни читатели ќе подготви голем број на изненадувања, меѓу кои и нивниот долгонајавуван „Круг на читатели“.

Во рамки на Саемот на книгата и оваа година ќе продолжи традиционалната акција „Подари книга, подари богатство“ со цел поттикнување на младата популација што е можно повеќе да чита и да ужива во добрите наслови.

На штандот на македонсккиот издавачки центар  „Три“ денеска во 18 часот неповторливата Исидора Бјелица ќе го промовира своето последно книжевно дело едноставно наречено „Спас“, при што сите нејзини обожаватели ќе имаат можност да се запознаат со неа и одблизу да поразговараат.

Според одличните најави, повеќе од очигледно е дека во ниту еден случај не треба да го пропуштите овогодинешното издание на Саемот на книгата.

Токму таму ќе најдете висинско богатство кое што дефинитивно ќе ви ја разгали душата и барем за кратко време ќе ви овозможи бегство до реалноста.

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Култура