Сè е подготвено за 18-тиот Скопски филмски фестивал

15 април 2015

1

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност од петок, 17-ти април, па до 24-ти да уживаат во богатата програма на 18-тото издание на Скопски филмски фестивал.

Фестивалот ќе биде отворен со светската премиера на филмот „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков.

Инаку, во текот на осуммте дена, публиката ќе има можност да види над 60 филмови од најновата продукција на светската, европската и македонската кинематографија.

Сите остварувања се поделени во неколку програми и тоа Главна, Светски филм, Авторски филм, Документарни филмови, Кратки филмови и програма на Анимирани филмови.

Како новитет, организаторите ја најавуваат и програмата на хорор филмови „Повеќе од хорор“, во рамки на која ќе бидат прикажани четири филмови.

Меѓу светските остварувања, нашата Наташа Петровиќ ќе ја видиме во една од улогите во премиерата на германско австралискта копродукција „Еликсир“, во режија на Броди Хигс.

Ова 18-то издание ќе содржи и специјални гости, а ќе се одржат и неколку работилници и мастер класи.

Проекциите ќе се одржуваат во кино Милениум и Кинотека на Македонија, а цената на билетите е 200 денари.

Комплетната програма можете да ја видите овде.

Објавено:
15 април 2015
Категорија: 
Култура