Сè е подготвено за 70. Кански филмски фестивал

16 мај 2017

Годинашното, јублејно издание на Канскиот филмски фестивал официјално започнува утре, а ќе трае до 28-ми мај. 

Кан по 70-ти пат ќе ги прими љубителите на филмската уметност, а домаќин на фестивалот ќе биде Моника Белучи.

Фестивалот ќе го отвори новиот филм на режисерот Арно Деплешен, „Les Fantômes d'Ismaël, а за престижната „Златна палма“ ќе се натпреваруваат 19 филмови – по четири од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Британија, Германија и Јапонија.

Со оглед дека се работи за јубилејно издание, главната награда, која инаку е изработена од 118 грама чисто злато и вреди 20.000 евра, ќе биде украсена и со дијаманти, а за изработката е ангажиран познатиот бренд „Шопар“.

Претседател на стручното жири е шпанскиот режисер Педро Алмодовар.

Инаку, во текот на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно околу 50-тина долгометражни филмови.

Во рамки на програмата „Кан класици“ ќе биде прикажано и остварувањето кое победи во 1967 година „Собирачи на пердуви“ на Александар Петровиќ.

За потсетување, минатата година „Златната палма“ отиде во рацете на британскиот режисер Кен Лоуч за остварувањето „Јас, Даниел Блејк“.

Освен програмата, изминатиов период многу се зборуваше и за постерот на фестивалот. Како што е веќе познато, искористена е фотографија од Клаудија Кардинале од 1959 година. Но, тоа не е спорно, забелешките беа насочени кон обработката на истата, со што познатата актерка е намалена за еден конфекциски број и ставена „во модерни рамки", како што пренесуваат светските медиуми.

Многумина беа разочарани што совршената појава на таква актерка воопшто била предмет на „средување". Половината и нозете на новиот постер се послаби, нешто што за светската јавност е навредувачки и непотребно. И самата Кардинале смета дека измените се непотребни.

За оние, кои фокусот го ставаат на филмовите, следи листата на 19-те остварувања за „Златна Палма“:

  1. The Beguiled (Измамени), режија Софија Копола
    2. Nelyubov (Без љубов), режија Андреј Звјагинцев
    3. Good Time (Добри времиња), режија Бени и Џош Сафди
    4. The Square (Квадрат), режија Рубен Остлунд
    5. You Were Never Really Here (Никогаш не бевте навистина овде), режија  Лин Ремси
    6. L'Amant double (Двоен љубовник), режија Франсоа Озон
    7. Jupiter Holdja (Месечината Јупитер), режија Корнел Мандруцо
    8. Aus dem Nichts (Од никаде), режија Фатих Акин
    9. The killing of a sacred deer(Убиството на светиот елен), режија Јоргос Лантимос
    10. Hikari, режија Наоми Кавасе 
    11. Geu Hu (Ден потоа), режија Хонг Санг-су
    12. Le Redoutable (Страшни), режија Мишел Азанависиус 
    13. Wonderstruck (Зачуден), режија Тод Хејнс
    14. Happy End (Среќен крај), режија Михаел Ханеке 
    15. Rodin (Роден), режија  Жак Доајон 
    16. 120 battements par minute (120 отчукувања во минута), режија Робен Кампијо
    17. Okja (Окџа), режија Бонг Џун-хо
    18. The Meyerowitz Stories – New and Selected (Приказните на семејствотоМејеровиц – Нови и избрани), режија Ное Баумбах 
    19. Krotkaya (Нежна), режија Сергеј Лозница

А оние што пак повеќе внимание обрнуваат на модата, со нетрпение го очекуваат црвениот килим. Во  продолжение погледнете дел од највпечатливите моменти во изминативе 70 години на Канскиот филмски фестивал.

Рајан Гослин и Сандра Булок 2002 година, во времето кога беа двојка

 

Бјорк 2000 година

 

Принцот Чарлс и Дајана, 1987 година

 

1954 Симон Силва и Роберт Мичум

 

Ингрид Бергман 1956

 

1967, Ванеса Редгрејв

 

Шерон Стоун, 1995 година

 

Арнолд Шварценегер, 1977

 

Олга Макова, 1995 година

 

Брус Вилис, Деми Мур,Лук Бесон и Мила Јовович, 1997

 

Софија Лорен и Карло Понти, 1958

 

Брижит Бардо, 1956

 

Анџелина Џоли и Бред Пит, 2008 година

 

Саша Барон Коен, 2006

 

Френсис и Софија Копола, 1979 година

 

Шон Конери и Кетрин Зета Џонс, 1999

 

Николас Виндинг Рефн и Рајан Гослинг, 2011

 

Мадона, 1991 година

 

Елизабет Тејлор, 1987 година

 

Том Круз и Никол Кидман, 1992 година

 

Алек и Хиларија Болдвин, 2013 година

 

Лупита Нјонго, 2015 година

 

Ирина Шаик, 2014

 

Џеј Баручел, Кејт Бланшет, Америка Ферера, Кит Харингтон и Џимон Хансу

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
118 пати