Се сеќавате на Балтазар?

26 јули 2018

Доколку растевте во 70-те, 80-те или 90-те, ќе ве потсетиме на еден од омилените цртани ликови што ги спојува сите овие генерации – омилениот генијален Професор Балтазар.

Оваа години овој легендарен цртан херој слави 50 години.

По тој повод во хрватската работилница за накит „Lapidarium" е изработена специјализирана колекција накит со неговиот лик, како едно убаво потсетување на детството во едно поинакво време.

Професорот од најпознатиот загрепски анимиран серијал изминативе 50 години нè учеше на ненасилно решавање на проблемите со кои се соочуваме, како и на позитивните животни вредности, елементарни етички лекции што ги спознававме преку неговиот колоритен свет.

Објавено:
26 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
182 пати