Сè што знаеме за втората сезона на „Big Little Lies“

9 јануари 2019

Во октомври минатата година почнаа да кружат гласини дека се подготвува втората сезона на мега популарната серија на HBO, „Big Little Lies“, а нешто подоцна и актерката Рис Витерспун со неколку фотографии на Инстаграм, ги потврди истите.

Иако романот по кој е снимена серијата завршува онаму каде што впрочем заврши и првата сезона, деновиве низ медиумите почна да кружи една фотографија на која можеме да ги видиме сите актерки во полициска станица.

Освен интересната содржина што нè очекува и во втората сезона, се очекува да се појави и популарната актерка Мерил Стрип која веќе го потврди учеството со неколку фотографии што беа објавени на Инстаграм профилот на Рис Витерспун.

Токму таа ја потврди и јавно информацијата кога гостуваше во шоуто на Џими Фалон, каде откри и уште некои детали околу втората сезона.

Она што е интересно е тоа што имаше шпекулации и дека згодниот актер Александер Скарсгард кој го толкува ликот на сопругот на Никол Кидман кој умира на крајот на првата сезона, повторно ќе се врати, со што се поставува прашањето дали девојките навистина го убија?

Сето ова останува да го видиме во втората сезона за која сè уште нема најава кога ќе почне, иако обожавателите со нетрпение ја очекуваат.

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
178 пати