Се враќа „Русокосата од Харвард“!

9 јуни 2018

Откако неколку месеци се шпекулираше за новото, трето продолжение на планетарно популарниот филм „Русокосата од Харвард“, актерката Рис Витерспун го потврди тоа со интересна објава на Инстаграм.

Уживајќи на душек во базен облечена во розов костим за капење, таа под видеото напиша: „Точно е. #LegallyBlonde3“. Според информациите што беа објавени низ медиумите деновиве, премиерата на филмот се очекува за Свети Валентин во 2020 година, но датумот сè уште не е официјално потврден.

Покрај тоа што повторно ќе се појави во главната улога, популарната актерка ќе биде и продуцент на филмот заедно со нејзината продукциска куќа Hello Sunshine.

Сè уште не е познато каква приказна ќе се раскаже овојпат, ниту пак дали ќе се врати старата актерска екипа, но се чини дека многу наскоро ќе дознаеме.

Објавено:
9 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
150 пати