Се враќаат Backstreet boys!

14 август 2018

Доколку растевте во 90-те години, голема е веројатноста дека знаевте барем дел од хитвите на, тогаш најпопуларниот машки поп бенд, Backstreet boys.

Ако пак бевте нивен фан, тогаш следнава информација сигурно ќе ве израдува: Backstreet boys најавија голема повратна турнеја, со која после пет години пауза повторно се враќаат на сцена.

Турнејата ја организираат по повод нивниот 25-годишен јубилеј, а планирани се концерти низ Европа, САД и Австралија.

Сè уште не се објавени детали во однос на датуми, конкретни локации и цени на влезниците за концертите, но оваа вест е најава за возбудлива 2019 година за популарниот поп бенд од 90-те.

Фото: billboard.com

Објавено:
14 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
291 пати