Сега е моментот – сите за родова еднаквост!

6 март 2018

Со цел унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на жените и промоција на родово-одговорните политики, UN Women, Град Скопје и Институтот за човекови права од Скопје, во соработка со Шведската амбасада во Скопје, го поддржуваат одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со деветтото издание на Вечерите на женски права.


Вечерите на женски права се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост.

Придружете се на годинешното издание на
Вечерите на женски права:
- Изложба „Признаените vs. невидливите жени"
- Проекција на документарниот филм „Граници и ветувања" (возраст 12+).
– Разговори за феминизмот, еманципацијата, женскиот активизам и многу други теми со Ана Јовковска и нејзините соговорници Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска!
- Женски слем поезија перформанс со Елена Пренџова!
- Музичко дружење со Џун

Повелете на еден поинаков 8ми Март!

Вечери на женски права │ 8 Март (четврток)
МКЦ, Кино „Фросина", 20:00 часот | Влезот е слободен!

Објавено:
6 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
169 пати