Сем Шепард драмски писател ,актер и режисер (1943-2017)

Сем Шепард луд за љубов!

1 август 2017

Сем Шепард беше еден од најзначајните драмски автори на 20-от век, добитник на Пулицеровата награда, врвен во театарскиот израз како Олби и Бекет, но со поинаков пристап кон градењето на ликови во своите пиеси.

Брилијантен ум, суптилен во приодот, точен во изразот, неверојатен во изборот, современ во времето во кое тој сакаше да биде, приватен до самиот свој крај. Сопствениот крај да го дочекаш од болест која ти ја одзема силата онаму каде што тој беше најсилен. Сем Шепард беше мојот херој многу години наназад, за него навистина мислев дека ќе е постојано тука.


Во својот опус има над 55 драмски дела, само еднаш  заиграл  на театарската сцена во 2004та година , еднаш ќе изјави дека ако за нешто му е жал е токму тој момент,зошто не играл повеќе во театар. Повеќе од 30 години беше со извонредната актерка Џесика Ланг, мирно живееја заедно, уште помирно се разделија.


За љубовта помеѓу мажот и жената, помеѓу него и Џесика ќе каже дека тоа била убава и нежна љубов и нивното чување на приватноста ќе ја опише како „ужасно и невозможно“.

„Незвозможно е како луѓето влегуваат во твоите чувства, оние кои не те познаваат, а очекуваат да бидат спасени. И ти се присторува како многупати влегуваш во врска само оној другиот да биде спасен“.

Сем Шепард е роден на 5-ти ноември 1943 година, како што сам ќе каже во една Стриндбергова љубов помеѓу мајка му и татко му. Го носи истото име како татко му кој бил алкохоличар, номад и во тек на целото негово драмско дејствување ќе го прогонува неговиот лик, простирајќи се од крајно романтичен до бескрајно циничен.


Сем Шепард ќе влезе и во музичкиот свет пишувајќи песни за Џон Кејл и Боб Дилан и тоа "Brownsville Girl,"  од албумот на Дилан во 1986-та година "Knocked Out Loaded“. Има свирено тапани за бендот наречен „Holy Modal Rounders“ кој настапувал како предгрупа на Пинк Флојд.

Негова голема љубов била и легендарната Пети Смит.


Покрај актерството има и режирано неколку филма: „Far North" (1988), за кој го има напишано сценариото, а игра и неговата Џесика Ланг. Работел на сценарија заедно со Антониони на "Zabriskie Point," 1970, со Роберт Френк на "Me and My Brother," 1969 како и со Вим Вендерс на култниот "Paris, Texas" за кој ќе ја освои Златната палма во Кан 1984 година.


„Постојат територии во сите нас, како дете, татко или маж. Тоа ме интересира најмногу каде се наоѓаат тие територии“.

Последна негова улога беше во серијата на Нетфликс „Bloodline“.

Умре во Кентаки на 73 години од Лу Геринг синдром или АЛС за која болест велат дека е генетска и неизлечива при што целото тело атрофира освен мозокот. Тажна вест за сите вљубеници во драмската литература! Јас навистина мислев дека Сем нема никогаш да си оди од овој свет, оти неговиот збор беше моќен и прецизен, ќе ни недостасува овој најголем фраер меѓу драмските писатели .

„Без моето пишување сум потполно неупотреблив“ -Сем Шепард

Бејбимама

*користени фотографии Getty images, plymouth, patti smith archive, sam shepard archive, google images

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
708 пати