Шармантни тапети за детски соби

17 ноември 2016

Кога е во прашање ентериерното уредување, последниве неколку години повторно се врати трендот наречен: тапети.

Особено креативни и симпатични се, се разбира тапетите наменети за ѕидовите во детските соби. Модерниот дух e пренесен преку графичките принтови, а истите се во бројни варијанти.

Едно значајно правило кое се применува во современото уредување на домот е дека, за разлика од порано, сега тапетите не се лепат на сите ѕидови во собата туку само на она место кое сакаме да го акцентираме.

Во продолжение издвојуваме неколку шармантни примери.

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.315 пати