Шармантно париско кафуле со свеж ентериер

28 април 2014

Во близина на Музејот Родин, се наоѓа едно ултра шармантно и прекрасно кафуле од кое ќе посакате никогаш да не излезете - Coutume Café!

Токму таму, се служат некои од најубавите француски специјалитети, а секако, кафето е омилено меѓу омилените.

Ентериерот е комбинација од бела боја со дрвени елементи во класична, кафена боја, а деталите се претежно во слични бои со спуштени, стандарни црни светилки.

Делот кај шанкот е направен целосно од бели плочки и му дава вистинска свежина и чувство на пријатна домашна атмосфера на целиот локал.

Она што е особено интересно е тоа што ѕидовите во кои е сместен локалот, се направени да изгледаат како да се тотално руинирани, но сепак истите изгледаат неверојатно модерно.

Покрај одличниот ентериер, она што е дополнително позитивно е тоа што во ова кафуле може да пробате најразлични специјалитети кои се неверојатно вкусни, а се продаваат и по сосема пристапни цени.

Во продолжение погледнете како изгледа ова прекрасно кафуле во Париз и доколку имате можност, посетете го!

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Култура