Што се случувало на првите „Оскари“ во 1929 година?

2 март 2018

В недела ќе се одржи 90-тото издание на „Оскарите“. Но, пред да видиме кој ќе триумфира и како ќе изгледа црвениот килим, се потсетуваме на тоа што се случувало на првото издание на оваа престижна манифестација.

-На 16-ти мај 1929 година во „Рузвелт хотел“ во Холивуд е одржано првото издание на „Оскарите“.

„Рузвелт хотел“

-Всушност, оваа манифестација првпат е организирана во мај 1927 година, како не-профитна организација, за достигнување и подобрување на филмската индустрија. Претседателот на организацијата Даглас Фербенкс, всушност бил и домаќин првото официјално издание две години подоцна.

-За разлика од денес, добитниците на првиот „Оскар“, односно позлатените статуетки, биле однапред познати.

-На првото издание присуствувале околу 270 луѓе.

-Филмот на „Warner Bros“, „The Jazz Singer“ не смеел да се натпреварува во категоријата за најдобар филм, бидејќи бил звуковен. Академијата одлучила дека не би било фер тој да влезе во конкуренција со немите филмови.

-Првиот добитник на Оскар за најдобар филм било остварувањето „Wings“, во режија на Вилијам Велман. Ова воедно бил и најскапиот филм во тоа време, со буџет од два милиони долари. Приказната следи двајца пилоти од Првата светска војна кои се вљубуваат во иста жена.

-Германскиот актер Емил Јанингс е Најдобриот актер за улогите во „The Last Command“ и „The Way of All Flesh“, додека Џенет Гејнор беше единствената наградена жена. Таа беше добитничка на „Оскар“ во сите категории за најдобра актерка, за улогите во трите филма „Seventh Heaven“, „Street Angel“, „Sunrise“.

-Специјална награда му беше доделена на Чарли Чаплин. Тој бил номиниран во категориите Најдобра режија на комедија, Најдобар актер и Најдобар пишувач на текст за остварувањето „The Circus“, но бил исклучен од овие номинации, со цел да може да ја прими специјалната награда. Многумина сметаат дека токму таа промена придонела за неговата непопуларност во Холивуд. Следниот Оскар, и тоа повторно почесен, ќе го освои дури во 1971 година.

-Билетите за првото издание на наградите чинеле 5 долари ( во денешно време тоа би изнесувало околу 70 долари).

-Церемонијата траела само 15 минути.

-Ова е единствената церемонија која немала никаков пренос. Радио преносот ќе започне во 1930-тата.

Објавено:
2 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
352 пати