Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм вчеравечер го доживеаја најголемиот крах во историјата на нивното постоење, па мораа преку конкурентскиот Твитер да појаснат дека се работи за проблем на кој работат сите нивни тимови.

Корисниците на социјалните мрежи не можеа да ги отворат своите профили повеќе од 15 часа, а компанијата единствено појасни дека не станува збор за хакерски напад како што многумина посочија, туку проблем на кој работат.

Иако не сите, утрово голем дел од корисниците повторно можеа да се логираат на нивните профили со што проблемот и официјално беше речиси решен.

Ова го искористија креативните луѓе низ Интернетот и направија „мемиња“ на кои знаеме дека ќе се смеете цел ден.

Имено, преку истите се покажува суровата вистина колку денеска сме зависни од социјалните мрежи и колку не знаеме што да правиме со слободното време.

Иронични и неверојатно смешни, Bored Panda објави повеќе од 50 ултра смешни фотографии на кои е прикажано што луѓето правеле и како се чувствувале додека немаше Фејсбук.

Неможејќи да објавуваат фотографии од тоа што јадат или што прават повеќе од 15 часа, корисниците на Фејсбук се пожалија на конкурентот Твитер, а еве го резултатот.

Инфо: Bored Panda

Фото: Bored Panda, Twitter

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
977 пати