Психолозите дефинираат

Што зборуваат за вас фотографиите на социјалните мрежи?

9 мај 2017

Дали некогаш сте размислиле што „постирате“ на социјалните мрежи и што навистина тоа зборува за вас кога ги објавувате тие фотографии?

Психолозите имаат одговор на вашите објави поради едноставна причина - секој пост многу зборува за нашата личност затоа што сами одлучуваме кога и каде ќе ја објавиме. Можеби не сме ни свесни, но она што најчесто објавуваме зборува за тоа што најмногу сакаме, нашите несигурности, среќата, мирот, но и повик за помош.

1. Селфи

Од време на време да објавиш некое селфи е една работа, но ако на вашите профили поголемиот број се селфи фотографии и тоа во огледало, парк, селфи стапче, тоа психолозите го нарекуваат „повика за помош. Луѓето со многу селфи се делат на две групи: несигурни луѓе кои бараат потврда од околината и луѓе кои поради својата суетност бараат потврда од околината и имаат склоност кон нарцизам. Клучната компонента на нарцизмот е возвишување на самиот себеси, исполнет со чувство на самодоверба. „За да го потврдат позитивното мислење за самите себеси нарцисите се опкружуваат со луѓе кои им се восхитуваат“, ќе каже Јунис Ким, професорка на Универзитет во Флорида.


2. Објавување на секси селфи

Истакнување на облини, стомачни мускули, гради, задници, испакнати усни, се е тоа карактеристика на слободоумни карактери кои сакаат да експериментираат. Но, има една работа која никако не смеете да ја занемарите, а тоа е дека со овие фотографии вие отворено поставувавте мамка за извесни потенцијални партнери, како и своевидна популарност.

 

3. Фотографии на двојки

Фотографија со вашата подобра полвина е демонстрација на вашата врска и покажување на фактот дека таа е стабилна и силна. Тоа сакате да го споделите со останатите. Пораката е: „Не сум сама, сакана сум и некој треба да ме почитува“. Има и такви кои претеруваат со објавите во двојка - на вечера, прошетки,  на пат во странство, но треба да се запрашате зошто го правите тоа толку често и што сакате со тоа да кажете.


4. Групни фотографии

Оние кои сакаат групни селфи фотографии сакаат да покажат колку се горди што се дел од таа група. Тие се избрани и се дел од тој внатрешен круг. Вообичаено се фотографии од забави, вечерни излегувања, приватни ручеци и генерално сакаат да покажат колку се вреден дел од општественото живеење. Психолозите велат дека оние кои се фокусираат на група всушност имаат проблем со нивниот внатрешен свет. „Документирањето на случки и луѓе име далеку поважно од уживањето во друштвото во кое се наоѓаат“, вели Пеги Декслер психолог.


5. Фотографии со децата

Постојат два вида на селфи: едни се оние кои ги постирате од вашето детство, а другиот вид се вие со вашето дете. Кога споделувате фотографија од вашето детство можеби потајно сакате да го напуштите светот на возрасните каде постојат сметки, обврски, грижи, стресови и сакате да се вратите во некои мирни денови. Кога постирате фотографии со вашите деца имате порака: Мајка сум и тоа е едно големо постигнување во мојот живот.


6. Фотографии со животни

Ако е во прашање професионален фотограф и се прикажуваат животни тогаш се работи за  професионализам и знаење за фотографија. Но, ако маж постира силно и опасно животно за своја профилна фотографија, сака да се покаже себеси како силен и мажествен, ни повеќе ни помалку. Жените пак, што сакаат да споделат симпатични фотографии со своите миленичиња, тие се исполнети со сентименталност, емпатија, но и љубов кон послабите од нив.


7. Фотграфија од природа

Ако имате многу фотографии од природата вие најверојатно сте задоволни со вашиот живот. Некој кој е успешен на приватен и професионален план генерално нема потреба да ги потенцира деталите од својот приватен живот и нема потреба да го споделува животот на истите овие дигитални платформи. Овие луѓе често се фокусираат на мир и уживање во животот.


8. Гламурозни фотографии

Изобилство на гламурозни фотографии на профил ја открива нарцисоидната потреба за поддршка и емотвно признание во облик на лајкови и слатки коментари. Овие поединци би требало да размислат во алтернативниот начин на подигнување на сопствената самодоверба независно од бројот на следбеници.


9. Фотографии со гламурозни и скапи предмети

Ова е начин на светот да му го покажеш својот успех, но најчесто е посакуван, имагинарен, тешко достижен, но со ова се истакнува општествен статус и се испраќа порака: „Мојот живот е супер!“.

Објавено:
9 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.538 пати