Штудгарт е градот со најмалку стрес на светот

28 март 2019

Живот во денешното, ново време, во сите пори е исполнето со стрес. Токму затоа и луѓето бараат начини да се ослободат од стресот на што поефективен начин. 

Но, жителите на Штудгарт изгледа го немаат тој проблем, или барем не колку жителите на некои други градови.

Зошто?

Една лондонска компанија, „Зипјет“ неодамна направила истражување за градови во кои стресот се чувствува помалку. Во истото се водела по неколку параметри, како големи на плата, стапка на невработеност, сообраќај, проблеми со менталното здравје, количеството на зелени површини, бројот на убиства, односно самоубиства, како и бројот на сончеви часови...

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Германија изобилува со најмногу такви градови. На листата на првите десет, дури четири се германски градови. 

На првото место е Штудгарт.

Овој град се наоѓа во една од најголемите винарски регии во Германија. Со светски признатата опера, балет и филхармонија, го привлекува вниманието на љубителите на културни содржини, а љубителите на автомобили се воодушевуваат на Музејот на Мерцедес Бенц. Штудгарт е фестивалски град, а има повеќе зелени отколку урбани површини. Во него се наоѓа и најголемиот комплекс на зоолошка градина и ботаничка градина во Европа - Вилхелма. Најголемиот број жители ги користат автобусите и подземната железница како превозни средства, што придонесува за уште почиста животна средина.

Доколку до сега не сте го посетиле, веруваме дека овие информации ќе придонесат тоа да го сторите побрзо.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии и листата на првите 20 најмалку стресни градови во светот:

1. Штудгарт, Германија

2.Луксембург, Луксембург

3. Хановер, Германија

4. Берн, Швајцарија

5. Минхен, Германија

6. Бордо, Франција

7. Единбург, Британија

8. Сиднеј, Австралија

9. Хамбург, Германија

10.Грац, Австрија

11. Цирих, Швајцарија

12. Сиетл, САД

13. Велингтон, Нов Зеланд

14. Ница, Франција

15. Дресден, Германија

16. Осло, Норвешка

17. Аукленд, Нов Зеланд

18. Хелсинки, Финска

19. Абу Даби, Арапски Емирати

20. Мелбурн, Австралија

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
323 пати
Тагови: 
Штудгарт стрес