Силвестер Сталоне номиниран за Златен Глобус прв пат во кариерата

11 декември 2015

Потребни беа цели четири децении за еден од омилените светски актери Силвестер Сталоне да биде номиниран за Златен Глобус прв пат во неговата кариера.

Номинациите беа објавени во четвртокот, а Сталоне за прв пат е номиниран во категоријата за епизодна улога за филмот Creed каде легендарниот Роки Балбоа тренира исклучителен млад боксер со блескава иднина.

„Во продолжението на Роки Балбоа, Силвестер ја носи неговата самотија како значка на честа и преку неговите очи се раскажува една многу длабока приказна, поголема од сѐ она што е напишано на хартија“, се вели во резимето на филмот во USA Today.

Другите светски магазини ја опишаа улогата на Силвестер во продолжението на Роки како една од неговите најдобри, нешто што е задолжително да се гледа.

„Чест и задоволство е да се гледа господинот Сталоне како ужива во улогата за овој филм без да мора нешто да докажува. Тој е најдобар токму тогаш кога му е удобно и кога нема ограничувања како актер“, пишува The New York Times.

Покрај номинацијата на Сталоне, Асоцијацијата Hollywood Foreign Press вчеравечер ги објави и останатите номинирани за 73 – тото издание на наградите Златен Глобус.

Најголем број номинации доби драмата „Carol“ на режисерот Тод Хејнс со Руни Мара и Кејт Бланшет во главните улоги.

Вистинско освежување кај номинациите за најдобра женска улога е прекрасната Алиша Викандер за улогата во филмот „Danish Girl“, но и за споредна женска улога во филмот „Ex Machina“.

Најголемото очекување оди кај Леонардо Ди Каприо кој е номиниран за главна машка улога за филмот „The Revenant“, но уште поголема надеж има филмот „Room“ на кој му се претскажува блескава иднина и многу освоени награди.

Во продолжение, погледнете дел од номинациите за годинешните Златни Глобуси што се очекува да се одржат на 10 – ти јануари 2016 – та година.

Најдобра драма

Carol

Mad Max: Fury Road

The Revenant

Room

Spotlight 

Најдобар мјузиклкомедија 

The Big Short

Joy

The Martian

Spy

Trainwreck 

Најдобра актерка во драма

Кејт Бланшет, Carol

Бри Ларсон, Room

Руни Мара, Carol

Саорс Ронан, Brooklyn

Алиша Викандер, The Danish Girl 

Најдобар актер во драма 

Брајан Кренстон, Trumbo

Леонардо Ди Каприо, The Revenant

Мајкл Фасбендер, Steve Jobs

Еди Редмејн, The Danish Girl

Вил Смит, Concussion 

Најдобра актерка во мјузикл или комедија 

Џенифер Лоренс, Joy

Мелиса Мекарти, Spy

Ејми Шумер, Trainwreck

Меги Смит, The Lady in the Van

Лили Томлин, Grandma 

Најдобар актер во мјузикл или комедија 

Кристијан Бејл, The Big Short

Стив Карел, The Big Short

Мет Дејмон, The Martian

Ал Пачино, Danny Collins

Марк Руфало, Infinitely Polar Bear 

Најдобра актерка во споредна улога 

Џејн Фонда, Youth

Џенифер Џејсон Леј, The Hateful Eight

Хелен Мирен, Trumbo

Алиша Викандер, Ex Machina

Кејт Винслет, Steve Jobs

Најдобар актер во споредна улога

Пол Дан, Love & Mercy

Идриз Елба, Beasts of No Nation

Мајкл Шенон, 99 Homes

Силвестер Сталоне, Creed

Најдобар режисер

Тод Хејнс, Carol

Алехандро Инарити, The Revenant

Том Мекарти, Spotlight

Џорџ Милер, Mad Max: Fury Road

Ридли Скот, The Martian

Објавено:
11 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
576 пати