Скарлет Јохансон е најплатената актерка за 2016

29 декември 2016

Познатата холивудска актерка Скарлет Јохансон уште една година по ред се најде на листата најуспешни актерки со најголема заработувачка.

Американскиот магазин Форбс секоја година го објавува списокот на финансиски најуспешни актерки и актери од Холивуд.

Според заработката од кино благајните оваа година, Јохансон е прогласена за најуспешна меѓу нејзините колешки благодарение на филмовите „Hail, Caesar“ и „Captain America: Civil War“ кои беа супер успешни и заработија 1, 2 милијарди долари.

На второто место се најдоа нејзините колеги Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор, како и Вил Смит, Маргот Роби и Рајан Рејнолдс.

Токму овој список на најплатени актери повторно го потврдува фактот дека во моментов, а и во блиска иднина најпопуларни ќе бидат филмовите за супер јунаците од кои публиката како да стана зависна, а на кои филмските куќи секогаш можат да сметаат.

 

Објавено:
29 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
251 пати