„Skopje Cinema City” ќе се отвори со документарен филм за Крафтверк

13 јуни 2017

Третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови "Skopje Cinema City" ќе се одржи од 15-ти до 19-ти јуни, во киносалата на Кинотека на Македонија.

Оваа година фестивалот му оддава почест на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на електронската музика, со чијшто документарен филм „Поп Арт" на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе се отвори Скопје Синема Сити.

Тоа што ќе следи во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика. На изминатите изданија Фестивалот започна соработка со британскиот национален сервис BBC, a оваа година таа соработка продолжува и понатаму, со нови филмови, а се отпочна соработка и со американскиот национален сервис PBS се со цел за поразновидна и поквалитетна понуда.

„Skopje Cinema City" е фестивал чија главна тема е музиката прикажана низ филм, каде без оглед на жанрот или годината на продукција, целта е да се создаде музичко искуство и патешествие, низ приказ на богатството на музичкиот свет.

Програмата на „Skopje Cinema City" 2017, во продолжение:

15.06.2017 (Четврток)

20:00 Крафтверк – Поп Арт
Kraftwerk – Pop Art

21:00 Жан Мишел Жар „Историја на електронската музика
Jean Michel Jarre – A Journey Through Electronic Music

16.06.2017 (Петок)

20:00 1959 – Годината која го променила џезот
1959 – The Year That Changed Jazz

21:00 Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата
The Girl from Ipanema: Brazil, Bossa Nova, and the Beach

17.06.2017 (Сабота)

Блок со краткометражни филмови
19:00 Ејми Вајнхаус: Со свои зборови
BBC.Amy Winehouse: In Her Own Words

Мачешкото Пијано
The Cat Piano

Буика и симфонискиот оркестар
Buika Symphony

Румфил проект
Roomphil Project

20:00 Кралиците на џезот: Радоста и болката на џез дивите
Queens of Jazz: The Joy and Pain of the Jazz Divas

21:00 Ела Фицџералд: Причина за живеење
American Masters: Ella Fitzgerald – Something To Life For

18.06.2017 (Недела)

20.00 Задоволството наречено Моцарт
The Joy of Mozart
21.00 Френк Запа – Современиот композитор одбива да умре
Frank Zappa: The Present-Day Composer Refuses to Die

22.00 Дерек Меј и Џијан Емин заедно со Франческо тристано и оркестарот Ламуру
Концертен филм Weather Festival, Франција
Derrick May & Dzijan Emin Ft. Francesco Tristano & Orchestra Lamoureux 2015

19.06.2017 (Понеделник)

20:00 Да живее Рок
Long Live Rock

-Во сеќавање на Лу Рид
Remembering Lou Reed

21:00 -Дејвид Боуви на Бибиси
David Bowie at the BBC

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
75 пати