Следната недела „АРТ Симпозиум С’копје“ во центарот на градот

22 февруари 2018

Од 26-ти февруари до 04-ти март, во центарот на Скопје ќе се одржува несекојдневен настан посветен на уметноста.

Поточно, се работи за форум, насловен како „АРТ Симпозиум С’копје“, а во организација на уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски, во соработка со Центарот за промоција на култура и туризам.

Игор и Гордана, организатори на „АРТ-Симпозиум С'копје“

-Може да се рече дека галериите се малку застарен начин на презентирање уметност во светот. Поведени од тоа да ја приближиме уметноста до секој обичен граѓанин, одлучивме да организираме форум од отворен тип, на кој ќе учествуваат уметници од 15 земји. На тој начин, не само уметниците, туку и сите заинтересирани љубители на уметноста ќе имаат можност одблиску да се сретнат и со уметниците и со она што го работат. Младите заинтересирани да дознаат нешто повеќе за уметничкиот свет се исто така добредојдени – потенцира Гордана Винчиќ.

Гордана Винчиќ

Во текот на идната недела секојдневно ќе се случуваат работилници во рамки на градската кафеана „Пелистер“, а идната сабота, 3-ти март, е резервирана за Мултимедијална интернационална изложба, на која ќе бидат претставени сите дела што се твореле во тие шест дена.

-Сакаме Скопје да „дише“ со уметност. Благодарни сме на сите што прифатија да бидат дел од овој настан и што помогнаа да се реализира. Се надеваме дека „АРТ Симпозиум“ ќе прерасне во традиција, како бренд на едно ново движење во Скопје.  Воедно, ова е покана и до пошироката јавност, не само до оние што се директно засегнати од уметноста, да ѕирнат во креативниот свет и да ги споделат нивните искуства со нас – велат организаторите.

Игор Љубовчевски

Меѓу учесниците се уметници од Мароко, Британија, Данска, Косово, Србија, Турција, Бугарија, а комплетната листа можете да ја видите во продолжение:

Објавено:
22 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
729 пати