Смешно, но и вистинито: Илустрации на една мајка за мајчинството

7 ноември 2019

Мајчинството е најубавата работа на светот, но ни малку лесна. Понекогаш мајките, особено младите, имаат потреба да знаат дека не се сами ниту во убавите нешта, ниту пак во оние стресните.

Австралијката Паула Кука, која инаку е архитект, во 2017 година станува мајка, па одлучува нејзиното секојдневие да го преточи во илустрации во кои ќе се пронајдат многу жени.

На шеговит начин, но и мошне вистинит, таа ги прикажува сите ситуации и дилеми со кои се соочува една мајка.

Сето ова го преточи во нејзин бренд кој се вика “Common Wild“, а освен веб страна, има и Фејсбук и Инстаграм, на кој има преку 100 илјади следбеници.

Во продолжение погледнете некои од илустрациите, кои сигурни сме ќе ви измамат насмевка:

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
427 пати