Со отворени срца и ум во новата деценија!

30 декември 2019

Опкружете се со луѓе кои ви носат насмевка и ве полнат енергија.

Отворете си го умот за нови животни предизвици.

Престанете да се жалите и направете сè што е во ваша можност да ги смените нештата кои не ви чинат.

Не губете време на луѓе што не ве заслужуваат.

Соберете храброст да направите нешто што отсекогаш сте посакувале.

Гушкајте ги и кажувајте им почесто дека ги сакате, на луѓето кои ги сакате.

Уживајте во сонцето, денот, моментите со пријателите, моментите сами со себе.

Учете постојано, вложувајте во себе, поставувајте си нови образовни цели.

Не им замерувајте на оние кои се лоши кон вас, покажете им што е љубов, пријателство, насмевка, можеби ќе им ги стоплите срцата.

Борете се за колективното добро.

Мислете на идните генерации и делувајте за нивно добро.

Танцувајте.

Не мора да сте совршени, не губете енергија на перфекција затоа што тоа е илузија. Вашите несовршености ве прават единствени.

Смејте се гласно. Кога ви се плаче, плачете.

Животот е многу брз и многу краток. Искористете ја привилегијата што сте тука и сега и што сте токму такви какви што сте!

Среќна Нова година од тимот на Fashionel!

Објавено:
30 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
451 пати